Дваесет и двајца министри во новата шпанска Влада на Педро Санчез положија денеска заклетва на церемонија на која присуствуваше и шпанскиот крал Филип Шести.
Петмина министри во новиот кабинет се членови на партијата „Обединети можеме“, а нејзиниот лидер Пабло Инглесијас е еден од вицепремиерите.
Премиерот Санчез како цели на новата администрација ги постави социјалните реформи, економскиот раст и дијалогот со сепаратистите во Каталонија.
При положувањето на заклетвата, сите министри одделно се заколнаа дека ќе го почитуваат шпанскиот Устав и ќе му бидат лојални на кралот.