Во 2023 година, 10,6% од населението на ЕУ не можело доволно да го загрее домот во текот на зимата, објави Еуростат. Во споредба со 2022 година, ова учество е зголемено за 1,3 процентни поени.
Најголем процент на луѓе кои не можат соодветно да ги загреат своите домови се забележани во Шпанија и Португалија (и двете по 20,8%), потоа Бугарија (20,7%), Литванија (20,0%) и Грција (19,2%).
Спротивно на тоа, Луксембург (2,1%), Финска (2,6%), Словенија (3,6%), Австрија (3,9%) и Естонија (4,1%) забележаа најниски удели.
Еуростат нема податоци за Македонија и другите земји од Балканот кои не се членки на ЕУ, како и за В. Британија. За Македонија важат податоците дека само 10 отсто од домаќинствата имаат парно греење, додека 40 отсто се греат на струја, а 50 отсто на дрва, што значи во студените месеции, најголем процент од населението практикуваа живеење во една просторија