Социјалистите на Педро Санчез, вршителот на должност премиер на Шпанија, оценуваат дека најверојатно сценарио е повторени избори, но сепак се уште не се откажале од обидите да се осигураат сојузници за формирање влада.
Социјалистичката партија денеска ќе презентира повеќе од 300 политички прелдози, меѓу кои и трудова и пензиска реформа, а целта е да се обезбеди поддршка од крајно левата партија Унидас Подемос за социјалистичката влада.
Шпанија на некој начин е во блокада уште од националните избори во април, кога победија социјалистите, но не успеаја да добијат доволно поддршка во парламентот за да водат самостојна политика.
Западни медиуми пренесуваат дека според извор од партијата, се уште има 30 отсто шанса за договор околу владата и 70 отсто дека ќе има нови избори.
Подемос соопшти дека предлозите изгледаат интересно, но го повтори претходното барање дека социјалистите ќе морат да покажат волја за поделба на власта.
Ако до 23 септември нема договор за шпанска Влада нови избори ќе се одржат на 10 ноември.