Украинецот Андриј Колпаков, обвинет за масовен хакерски напад на ресторани, коцкарници и други фирми во 47 држави, е екстрадиран во САД каде ќе се соочи со обвиненијата.
Колпаков вчера првпат се појави во сојузниот суд во Сиетл, бидејќи е екстрадиран од Шпанија. Тој не се изјасни за обвиненијата за хакирање, измама и кражба на идентитети.
Неговото сослушување е закажано за 10 јуни.
Колпаков е уапсен минатата година заедно со уште двајца мажи кои се обвинети дека учествувале во групата хакери „ФИН7“.
Властите велат дека групата украла околу 15 милиони податоци од кредитни и дебитни картички.
ФБИ тврди дека броевите на украдените картички често се продавани во „подземјето на Интернетот“, а потоа криминалците ги користеле за нанесување штета во износ од неколку милиони долари.