Ламин Јамал со спектакуларен гол го израмни резултатот меѓу Франција и Шпанија, 1-1 и со свои 16 години стана најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства (ЕП) на првото фудбалско полуфинале кое се игра вечерва во Германија.

Јамал го покажа својот неверојатен квалитет. Веднаш потоа и Кунде си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1.

Коло Муани е стрелецот на голот на Франција, кој го постигна во деветтата минута.