Времето на Мариано Рахој како премиер на Шпанија е речиси сигурно завршено откако се собраа доволно гласови за да се гласа за негова доверба, иако самиот тој вечерва рече дека нема да поднсе оставка.

Мнозинството парламентарци рекоа дека ќе му дадат поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез и неговото барање за гласање доверба на Рахој денес во парламентот. Доколку зборовите се преточат во гласови, без дилеми тоа ќе биде крај на конзервативниот премиер кој е заглавен со корупциски скандали. Рахој би бил и првиот премиер кој бил сменет на тој начи, а пак Санчез прв премиер кој дошол на таа функција, а не победил на избори.

Лидерот на социјалистите доби ветување за поддршка од крајната лева партија Подемос, две каталонски партии за независност како и од Баскиската националиситчка партија, која размислуваше како ќе гласа се до вечерва.

Само оставка од Рахој може да спречи Санчез да стане премиер, но само на краток рок.

Социјалистите ја почнаа иницијативата за соборување на Рахој откако на почетокот на месецот беше донесена судска пресуда со која беа осудени за корупција 29 лица, меѓу кои и поранешни високи претставници на конзервативната Народна партија на Рахој за што добија вкупно 351 година затворски казни.

Денеска се водеше маратонска и жестока дебата во шпанскиот парламент. На нападите од Санчез, кој дури кажа дека премиерот ја прифатил таквата ситуација, Рахој реплицираше: Ти да не си Мајка Тереза од Калкута? Па, коурпција има насекаде, како што и самиот знаеш, оти е покрај тебе“.