Само еден час по средбата Путин – Борисов во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, категорично негираше дека двајцата претседатели се договориле за изградба на делница од гасоводот „Турски поток“ како што изјави бугарскиот премиер.

Штедлив на зборови Песков беше категоричен: „Не, не се договориле. Не била и целта да се договорат, немало можност за преговори меѓу претседателот и премиерот за да се договорат за тоа“. Според него нема како проектот да се реализира, бидејќи ги нема потребните гаранции од Европската комисија и Бугарија.

Демантот на Песков е меѓународен скандал, бидејќи Борисов го тврдеше спротивното. Досега јавните агенции БНТ и БНР имаат целосен молк околу ова и така свесно ја дезинформират јавноста пишува News.bg.

Авторот на написот  „Три шлаканици за Борисов“ пишува дека во рок од 72 часа бугарскиот премиер добил шлаканица и од македонскиот премиер Зоран Заев и од  унгарскиот министер за надворешни кој го обвини Борисов дека со неговиот предлог за мигрантските квоти ѝ наштетува на Европа.

Тоа на “нашиот премиер и му покажаа колку скапо не чини свиткана поза пред Брисел и Вашингтон“ пишува авторот на написот.