Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека е сигурен оти разговорите со севернокорејските претставници „одат во добра насока“ кон самит и најави дека претставник на Пјонгјанг ќе допатува во Вашингтон за да прими писмо од претседателот на САД до лидерот на С. Кореја, Ким Јонг Ун.

„Нашите две земји се соочуваат со клучниот момент во нашите односи, па би било трагично ако се пропушти ваква можност“, рече Помпео по состанокот со претставникот на Северна Кореја, Ким Јон Чул во Њујорк.

„Состаноците поминаа добро. Постигнат е напредок“ рече висок претствник на Стејт департментот.

Од разговорите е задоволен и Доналд Трамп кој рече дека денес севернокорејска делегација ќе допатува во Њујорк за лично да му преаде писмо од Ким Јонг Ун.

Од друга страна, пак, за време на средбата на Ким со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, севеноркорејскиот лидер се пожалил на „американскиот хегемонизам“.

„Како што се движиме кон промена на политичката ситуација во услови на американски хегемонизам,сакам да разменам детални и длабоки мислења со вашето раководство и се надевам на натамошна соработка“, му кажал Ким на Лавров.

Ваквата изјава, соред „Гардијан“ може да значи дека одржувањето на самитот Ким-Трамп е незивесен.