Неколку сточари во народни носии, придружувани од околу 1.500 овци го блокираа сообраќајот во центарот на Мадрид, и сето тоа поради традиција.
Станува збор за шпанската традиција „Трашумансија“ стара 600 години, при што добитокот се преместува од летни на зимски пасишта. Во 1994 година, овој обичај доби облик на еден вид фестивалска парада, во која, годинава 10-на овчари заталкаа и го окупираа центарот на Мадрид.
За сето тоа да изгледа како во средниот век, сточарите им плаќаат симболично на градските власти со стари банкноти.