Во мрежите на албански рибари од Валона, уловена е  една од најопасните ајкули „дем“. Пленот е уловен на околу три милји од островот Сазан, долг е три метри а тежок околу 100 килограми.

Според биолозите, ајкулите од видот „дем“ се на второ место по опасност, после белата ајкула.

Тоа не  е првпат албанските рибари во морските води да уловат ајкула. Меѓу повеќето, најголема е ајкулата од видот „тигар“ долга седум метри и тешка 400 килограми, уловена исто така кај островот Сазан. Месото од ајкулата-тигар важи за вистински деликатес во луксузните ресторани во светот.

Четрстотината килограми месо беа брзо продадени за добра цена во рестораните во Валона.