Шпанската фудбалска Ла Лига постигна договор за продажба на своите телевизиски права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра во следните пет години, објави раководството на натпреварувањето.
Станува збор за рекорден договор за елитната лига во шпанскиот фудбал. Претходниот тригодишен договор потпишан во 2018 година со „Telefonica“ изнесуваше 2.9 милијарди евра.
Правата ќе бидат рамномерно поделени меѓу ТВ-операторите и over-the-top (OTT) услугите за видеостриминг. Секој од нив ќе има право неделно да емитува по пет натпревари од шпанското првенство, со исклучок на три недели во сезоната кога „Movistar“ ќе ги има ексклузивните права за емитување.
Ла Лига е прва од петте најсилни европски фудбалски лиги, која за продажба на телевизиските права постигна повисок договор од претходните.
Германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига 1 забележаа пад на приходите во своите најновите ТВ договори, додека англиската Премиер лига го промени својот пакет под исти финансиски услови за следните три години.