Шпански автобус полн со бугарска пропаганда превезува „Македонци кои ја слават бугарштината“ по францускиот предлог, гласи накратко сублимирна објавата на Фејсбук за пропагандните активности кои се водат деновиве.

Целиот текст го пренесуваме во оригинал од Фејсбук страницата на која е објавен:

Професионалниот лажго и пропагандист Виктор С. повторно се посрамоти и себеси и сета бугаристичка бот-фарма на интернет. Тоа, сакајќи да покаже оти „многубројните бугари“ во Македонија слават со знамиња во автобуси.

Објавата е јавно поставена. Повеќе гафови од Виктор С. – претходно во папкава.

„Вообичаена глетка во македонските автобуси. Така патуваат ’бугарите‘ во Македонија – од град в град. Ова ќе биде вообичаена глетка во Македонија по потпишувањето на францускиот предлог“, напиша професионалниот лажго-бугарист до сликата.

Веројатно ни сам не забележал, но натписот на прозорецот го издаде бугаристот. Вообичаеното известување „Излез во случај на опасност“ (или „Излез за итни случаи“), е напишано на ШПАНСКИ – „Salida de Emergencia”, а не на македонски јазик.

Јасно е дека автобусот е шпански, а не македонски, и оваа спонтана фотографија е сликана во Шпанија или некаде во шпанското говорно подрачје.

Но, срамот веќе не е на бугаристот што лаже, туку на оние кои му веруваат. Па и на оние што се преправаат дека му веруваат, па, поради корист – јавно и го поддржуваат.