Шпанската метеоролошка агенција објави прогноза дека Шпанија ова лето може да биде погодена од урагани, чии последици би можеле да бидат разорни.
Секоја година, од 1 јуни до 30 ноември, се случува овој феномен и метеоролошките експерти се загрижени за тоа како зголемувањето на температурата на морето може да влијае на формирањето на урагани во Атлантскиот океан, предизвикувајќи зголемен ризик, објави порталот Јуровиклинуз.
Зголемувањето на температурата на морето во Шпанија може да биде клучен фактор за создавање урагани.