Според последните податоци, причинетата штета по земјотресот во Хрватска изнесува над 400 милиони евра, а оштетени се речиси девет илјади објекти.
Продолжуваат санациите и им се помага на загрозените. Пожарникарите дневно вршат санации на околу 200 куќи.
Голем број граѓани денови и ноќи и понатаму минуваат на отворено на ниските температури.
Црвениот крст соопшти дека преку нивната банкарска сметка за помош досега се донирани над 4,7 милиони евра.
Се поставуваат мобилни и камп-куќички, како и контејнери, за кои и понатаму постои огромна потреба.
Владата ан Северна во Македонија одвои 100 000 евра како помош за Хрватска. Тие пари се 0,025 отсто од штетата или помалку од вредноста на четирициклите со кои Заев и Филипче и нивните деца беа денеска на Беласица.