Жена на 65-годишна возраст од Штип почина, а уште три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување лајшманиоза, чиј извор на зараза се кучињата.
Заболените кучиња, независно дали се домашни или скитници, можат да се препознаат по тоа што слабеат, ги губат влакната од телото, имаат заматени очи, рани по телото и им растат необично долги нокти.
Стручњаците предупредуваат дека сопствениците кои ќе забележат такви симптоми кај своето милениче веднаш треба да го однесе на ветеринар.
Превентивна мерка е кучињата да имаат редовни ветеринарски прегледи зашто така може да се спречи заболувањето кај нив. Бидејќи досега не е пронајден начин за лекување на ова паразитско заболување, од штипскиот центар за јавно здравје препорачуваат таквите кучиња да се еутаназираат.
Песочната мушичка (флеботом) се развива во депонии и на места на кои има распаднати органски материи. Затоа препораката е кучињата скитници да се приберат во стационари, на секое такво куче да му се направи преглед. Засега друг начин на справување со кучиња скитници кои имаат лајшманиоза не постои, тврдат од оваа здравствена институција.