Штипјанец (46) по вторпат е заразен со коронавирусот. Првиот пат болеста ја прележал асимптоматски, без поголеми проблеми и во јуни имал два негативни тестови. Но, деновиве е повторно заразен, како член на семејство од познатиот штипски текстилен кластер.
Информација ја обелодени директорот на штипската клиничка болница Ален Ѓеорѓиев, кој истакна дека пациентот се наоѓа на болничко лекување. Неговата состојба во овој случај е посериозна и затоа е хоспитализиран на Инфективното одделение во штипската болница.