Генетичарите тврдат дека секое дете е единствено, а на кого ќе личи има милијарда комбинации.

На пример, големите уши се наследуваат по машка линија. Ако таткото има големи уши, најверојатно и детето ќе ги има. За ќелавоста „виновна“ е мајката односно нејзиниот татко или браќа. Ако вујкото нема коса, тогаш е мала веројатноста детето во подоцнежните години да има фризура.

Генетичарите тврдат дека и големиот ножен палец се наследува од мајката.

Машките деца од мајката наследуваат само еден икс хромозом, богат со гени кои ги одредуваат физичкиот изглед, додека икс хромозомот на таткото е сиромашен со таквите гени. Иако тоа не е правило, најчесто синовите личат на своите мајки.

Кај девојчињата има спротивна ситуација. Тие добиваат по еден икс хромозом од двата родители, па имаат подеднакви шанси да личат и на таткото и на мајката.

Ако едниот родител има кадрава коса, шансата е 99 проценти детето да има кадрици.

Карактеристиките кои се пренесуваат со доминантните гени се „дупчето“ на брадата, широка и мека ушна ресичка, споени или густи веѓи, бел прамен на косата кои најчесто ги имаат мажите.