За да изгледаат помлади и повитки, многу жени трошат илјадници евра и огромен број часови од нивното време. Австралијката Џастин Витчрч е среде својата петта деценија од животот, а изгледа барем двојно помладо, пред се, поради нејзиното атлетски обликувано тело.
Пред пет години, таа одлучила за кусо време да ослаби 17 килограми, со цел – да учествува во бикини натпревар, и го сторила тоа. Потоа, учествувала на три други такви натпревари, а нејзината вита линија е константна. Тоа таа го постигнува, како што вели, преку редовни фитнес вежби и здрава исхрана.
– Денот го почнувам со протеински овес, бадемово млеко или бобинки. Потоа, шунка или пилешка салата за со утринскиот чај, пилешко, зеленчук и ориз за ручек, ореви и протеински коктел во попладневните часови, а потоа уште повеќе протеини со зеленчук, за вечера. Понекогаш можам да си дозволам и обичен секојдневен семеен ручек, изјави Витчрч, која денес е и фитнес инструкторка.