Осумнаесетгодишната Едина Кастрати од Црна Гора, вчера била уапсена под сомнеж дека го убила четиримесечниот син, фрлајќи го во река во местото Плав каде живее. Во обвинителеството таа ги раскажала сите детали за злосторството.

Како што навела, на монструозниот чин се решила бидејќи не можела веќе да ги трпи малтретирањата од невенчаниот сопруг.

„Другото наше дете беше кај мојт невенчан сопруг и неговите роднини. Тогаш ми дојде мисла да го направам тоа додека бебето спиеше. Го замотав во ќебе и отидов до рекатта. Тука го фрлив. Го гледав како оди низводно. Тогаш се свртев и си заминав“, рекла Едина.

Обвинителот и одредил задржување од 72 часа. Во случајот ќе бидат сослушани повеќе сведоци, а потоа ќе биде одредено психијатриско вештачење.