Новата голема ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, сé уште не погодил за тимот по три натпревари. Се чини дека тоа му пречи на самиот играч, но и на навивачите.
Само синот на Португалецот е мирен, кој исто така го носи неговото име и … бележи.
Јуниор од неодамна е дел од школата на Јуве и, за разлика од неговиот познат татко, го запиша првиот гол.
Кристијано Јуниор игра за младинскиот тим до 9 години во „Старата дама“, откако неговиот татко премина во Торино за 117 милиони евра.
Тој покажува афинитет кон фудбалот и често ги пресоздава техниките на неговиот татко на теренот со своите врсници.