Хрватскиот магазин „Јутарњи“ пишува за случајот на Денис Тот, кој го загуби животот откако беше нападнат пред ноќниот клуб „Привилиџ“, кој работел без дозвола, минатиот четврток околу 3.30 часот, пренесува скопска Република.
Девојката која учествувала во инцидентот, Клементина ги изненадила полициските службеници со нејзиното однесување, како што пренесува хрватскиот медиум.
Се смееше како да сме ја привеле поради кражба на литар ракија во продавница, а не насилство, им открило неименувано лице на новинарите од „Јутарњи“.
Во моментов сите тројца осомничени за случајот се во притвор, но слулајот очигледно има своја заднина која засега останува непозната за јавноста која се има свои верзии.