Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да се меша во изборите во Велика Британија.
Трамп претходно истакна дека Корбин, доколку стане премиер, би бил „многу лош“ за Британија.
– Трамп се обидува да се меша во изборите во Обединетото Кралство со цел неговиот пријател Борис Џонсон да биде избран, напиша Корбин на Твитер