Учебниците за средно училиште во Саудиска Арабија промовираат омраза кон евреи, христијани, жени, геј лица и други муслимански секти и покрај бројните ветувања за враќање на умерениот облик на исламот, објави Ен-Би-Си.
Во заклучок на Антидифамациската лига се истакнува дека посебно во учебниците во Саудиска Арабија има стереотипи за Евреите како што е тврдењето дека меѓу ционистичките цели е и „воспоставување глобална влада на евреи што би го контролирала светот“.
Друг пример што е наведен е дека „ќе дојде ден кога муслиманите ќе ги покорат евреите“. Трет пример е цитат кој вели дека е дозволено да се натепа жена тогаш кога е потребно.
Во Саудиска Арабија на сила е вехабиски ислам кој на другите облици на ислам гледа како на ерес, а нетолеранцијата кон другите вери е зголемена по 11 септември 2001 година кога беше откриено дека 15 од 19 напаѓачи беа од таа држава.
Директорот на АДЛ, Џонатан Гринблат побара од американската влада да спроведе детално истражување за учебниците во Саудиска Арабија.
Од 2017 година престолонаследникот Махамад бин Салман ја задолжи владата да го надгледува интерпретирањето на Мухамедовото учење за да се спречи злоупотреба за цели за насилства и тероризам. Вети дека и државата ќе се врати на умерен ислам.