Прославата на Нова година е еден од најстарите и најуниверзални пагански традиции. Станува збор за обичај кој не се менува веќе скоро 4000 години. Притоа, нема празник во светот со толку различни датуми, ниту со толку многу различни обичаи. Кога и како настанала таканаречената новогодишна ноќ? Кој го започнал тој обичај?

Според историски извори, прослава на Нова година започнала во стариот Вавилон, односно таквиот пагански обичај, посветен на древниот култ кон сонцето, датира негде од пред 2000 година пред раѓањето на Исус Христос. Светото писмо нигде не наредува прослава на новогодишната ноќ.

Ниту Исус ниту апостолите никогаш не славеле Нова година. Новогодишната прослава, која потекнува од Вавилон, се пробила кај старите Грци, а потоа и до Рим. Старите Римјани, на пример, тој празник го нарекувале „Сатурналии“, по богот Сатурн. Таа ноќ луѓето лумпувале и оргијале во пијана состојба, а прославата достигнувала врв со принесување жртва по што лудилото конечно завршувало. Календарсикот ден во кој паѓа првиот ден од Сатурналиите се поместувал во текот на римската историја. Почнувал негде во средината на декември и траел до први јануари. Битно е што во рамките на празникот влегувал и 25 декември, според римскиот календар, кога Сонцето ја достигнува својата најниска точка.

Во тој контекст, Јулие Цезар, еден од најпознатите цареви на паганското римско царство, конечно го воспоставил први јануари како ден за новогодишно славје, пренесувајќи ги сите развратни обичаи од римските Сатурналии на првиот ден од јануари.

Како овој пагански ден успеал да се вовлече во современиот „христијански“ календар? Според историски записи, овој ден влегол во христијанството околу 375 година, преку паганските обичаи што ги практикувале одредени христијански заедници во Римската империја. Во почетокот црквата го забранувала како празник, но залудно, морале да прифатат некаков компромис. Имено, Црквата успеала да му го одземе славењето на Сатурн и да го префрли сето тоа на бебето од Витлеем. Со тоа паганските Римјани формално станале христијани, иако во суштина останале да си ги славата Сатурналиите под друга „фирма“. Следејќи ги токму тие скриени пагански Сатурнали како суштина на славењето, и денес луѓето на Новогодишните прослави буквално се „дават“ во мориња од алкохол. Мнозинството од нив изгледа се уверени дека Бог се повлекол од Новогодишните прослави, па веќе воопшто не му е грижа за модерните развратни прослави во негово име, разните пијани журки и бессрамните скокања по маси и столови.

Денешните славеници за време на празничните денови испиваат повеќе алкохол отколку во кое друго време во годината. Дивите духови на паганските прослави кои главно излегуваат од винските шишиња, и од другиот алкохол, всушност ги мамат луѓето да се однесуваат против својата вера, иако народот тие празници се уште ги нарекува „христијански“. А Бог, со други зборови, на современите христијани веќе им има кажано:

„Бидете пагани ако сакате, но престанете паганството да го нарекувате христијанство!“

Значи, Новогодишната прослава почнала да се практикува пред 4000 години, а денес скоро секој народ на светот го следи овој обичај. Сотоната навистина го прелажа светот, велат христијанските авторитети. Сепак, има надеж, велат. И покрај се, се уште сами бираме кон кое царство ќе се придружиме – кон царството небесно, кон Создателот и Спасителот, или кон царството на лажните богови кои ќе завршат во огненото езеро, велат тие. Се разбира, дилемата важи и за Македонците.