Функционерот на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), Дејвид Штокингер, денеска по повод украинската криза оцени дека признавањето на еднострано прогласената независност на Косово од страна на Западот, со активно учество на Австрија која, според него, ја нарушила нејзината неутралност, ја отворило Пандорината кутија.
Штокингер истакна дека со тоа е направен преседан кој ги загрозува меѓународното право и меѓународните односи.
– Сè уште се сеќавам, тогаш ние од Социјалдемократската младина и од мировното движење бевме исмевани, па дури и напаѓани поради нашата конзистентна позиција дека Косово е Србија. Сепак, ние уште тогаш знаевме што ќе се случи следно. Уште еднаш бевме во право, напиша тој на социјалните мрежи.
Сега, како што изјави тој, сè им се враќа на „лицемерите и ревизионистите на историјата“.
Штокингер истакна дека сега е важно да се вложат сите напори за да се постигне деескалација.
– Отворената војна не е опција и за Русија и за украинскиот народ. Ако го погледнете развојот на последните години, особено неделите и месеците, ќе сфатите дека Москва е принудена на сегашната ситуација, иако одлуката за признавање на двата региона е повеќе од меѓународно-правно сомнителна, напиша Штокингер.