Поради најавениот четиричасовен прекин на работа на Унијата на грчките контролори на летање и нивното учество во генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработени во јавниот сектор во Грција, откажани се утрешните летови од Атина кон Скопје и обратно, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопштуваат дека се откажани летовите од и кон Скопје и од и кон Ларнака и уште 14 домашни летови.

На атинскиот аеродром ќе нема летови во периодот од 11 до 15 часот по локално време.