Штрајк на возачи на блиндирани возила за превоз на пари во Германија предизвика на голем број локации недостиг од готовина.
– Многу банкомати нема да бидат денеска наполнети со пари и на одделни локации може да нема готовина, соопшти Сојузната агенција за превоз на пари и вредносен товар
Претставници на банки и штедилници од големброј делови на Германија веќе јавија за недостиг од готовина на банкомати.
Во централниот дел од Германија уште од вчера нема пари во банкоматите. Возачите на блиндирани возила штрајкуваат втор ден по ред барајќи зголемен надомест за еден час работа за 1,5 евро. Работодавачите одбиваат со образложение дека тоа ќе поскапе и надомест за повлекување пари од банкомати.