Во првите три години откако Хрватска влезе во Европската унија, според официјални податоци се иселилле 102.000 луѓе. Но, како што објави Ал Џазира Балканс, проценките се дека тој број е двојно поголем.

Според медиумот, голем број Хрвати заминуваат „на црно“ без да се одјават.

– Наводно за три години се иселиле дури 230.000 луѓе, Иако податоците од извор до извор се разликуваат, на тоа треба да се додадат и иселени во изминатите две години и тогаш се доаѓа до бројката од преку 300.000 луѓе, наведува Ал Џазира Балканс.

Демографи во Хрватска се загрижени бидејќи најмногу заминуваат цели млади семејства. Хрватска е членка на ЕУ од 2013 гоина.