Штрајк на вработените во Фондот за здравство ако не добијат повисоки плати. За исто работно место споредено со нивните колеги од јавното здравство добиваат за 150 евра пониски примања, се жалат од Синдикатот.
Токму поради ниските плати голем дел си дале отказ и сега еден вработен извршува 3 работни позиции.
Фондот за здравство не е директен буџетски корисник, туку парите од буџетот преку нив се распоредуваат по останатите клиники и здравстевни установи.
Одлуката за примањата на вработените во ФЗО ја носи нивниот Управен одбор, кој решил само 1% од вкупниот буџет да се намени за плати. Затоа бараат итно да се смени одлуката и да се информира министерот за здравство.
На предупредувачки протест излегуваат пред Собрание во петок. Имале информација дека предлог буџетот за следната годината тогаш ќе се најде на комисиска расправа.
Според нивните сознанија, владата догодина со порастот на минималецот не планира да ги усогласи и останатите плати во јавниот сектор. Пракса е како што расте минималната плата, која од март ќе се зголеми за 2,400 денари, за толку да се покачат и сите останати плати во јавниот сектор.