Штрајк на работниците на јавниот превоз во Берлин денеска предизвика сообраќаен колапс во градот.
Штрајкот е организиран на повик на германскиот синдикат Верди, а околу 14.500 вработени во јавниот превоз во Берлин од утрово штрајкуваат и бараат подобри услови за работа. За време на штрајкот, кој ќе трае до три часот по полноќ, патниците нема да можат да користат метро, автобуси и трамваи.
Поради штрајкот, граѓаните користеа автомобили, што предизвика сообраќаен метеж во градот.
Синдикатот бара намалување на неделниот фонд часови од 39 на 36 и значително зголемување на платите на работниците.