Скопската населба Шуто Оризари се дави во шут и отпад, но тоа како не е приоритет на граѓаните туку набавката на ново службено возило за градоначалникот на општината, реагираат граѓани на социјалните мрежи.
– До кога граѓаните кои живеат во овој дел ќе се гушат во непријатната миризба која се шири и дали ќе се преземе нешто? Општина Шуто Оризари се слушаме, прашуваат граѓаните.
Но, очигледно е дека потребите на граѓаните и тие на актуелниот градоначалник не се совпаѓаат.