Швајцарската фудбалска федерација (СФВ) ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА.

Откако претходно ја поддржа неговата кандидатура во јуни, Извршниот одбор на СФВ ја повлече својата поддршка за швајцарскиот фудбалски функционер на состанокот одржан на 25 септември, јавија вечерва светските медиуми.

„Одлуката е донесена по темелна повторена проценка на настаните од изминатите неколку месеци“, се вели во соопштението на СФВ.

Швајцарската федерација е уште една во низата членки на УЕФА кои ја повлекоа поддршката на Инфантино за претседателските избори на ФИФА закажани за март идната година.

МИА