По натпреварот против Словенија во рамките на Лигата на Нации селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Гоце Седлоски изјави дека и покрај поразот мора да ги пофали фудбалерите за настапот денес.
„Како прво да ѝ честитам на Словенија за победата, што се однесува до мојот тим моите играчи денес дадоа се од себе, второ од овој процес што почнав со подмладување на селекцијата со неколку играчи, не застанувам.
Момците кои денеска добија првпат шанса на ваков натпревар го оставија срцето на терен.
Поразот како пораз боли, а не постигнавме гол, создадовме многу шанси и морам да ги пофалам момците. И тие се тажни и јас, но за три дена имаме друг натпревар и мора да се подготвиме. Знам дека е тешко, но овој процес на подмладување што го започнавме ќе го продолжиме.“, изјави Седлоски по мечот.
Македонија за прв бод ќе се бори против Шкотска, во натпревар кој што се игра во сабота на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.




