Неколку скијачи се затрупани во лавина во шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана, соопшти денеска полицијата.
Полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, на Твитер објави дека спасувачки екипи се на терен и дека неколку лица се затрупани.
Локалните медиуми објавија дека во лавината се затрупани од десет до 12 лица, но и дека тој број можеби е поголем.
Лавината се одронила бидејќи температурата минатата недела била во пораст, што предизвикало топење на снегот.