Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли смета дека Приштина треба да вложи напори за да најде решение за барањата на нејзините сојузници, пред се на САД, за продолжување на преговорите со Белград, јави МИА од Приштина.