Маж вооружен со нож нападна четири лица на прометна улица во францускиот град Марсеј, по што полицијата го застрелал напаѓачот, нанесувајќи му сериозни повреди од кои подоцна починал во болница.

Како што јави МИА, инцидентот се случи на улицата „Ром“, каде напаѓачот им нанел убоди со нож на четири лица.

По ова тој се вдал во бегство следен од полицајци во цивилна облека, врз кои отворил оган. Полицијците возвратиле на нападот и го раниле напаѓачот.

Локалниот весник „Ла Прованс“ јави дека напаѓачот починал, откако бил пренесен во болница.

Според информациите, станува збор за маж на возраст од 36 години, најверојатно бездомник, кој претходно бил поврзан со едно убиство, но не им бил познато на тајните служби како потенцијална безбедносна закана.

Меѓу повредени се тројца мажи на возраст од 23, 27 и 35 години и една 52-годишна жена. Двајца од повредените се префрлени в болница, додека на други двајца им е укажана медицинска помош на самото место.

По инцидентот полицијата го блокираше реонот на местото на нападот.

Истрагата за случајот е во тек и засега се уште не се познати мотивите за нападот, кој полицијата одбива да го оквалификува како терористички чин.