Куба негира дека има безбедносни сили во Венецуела и ги обвини САД дека нивните изјави се дел од оркестрираната кампања на лаги што отвора пат за воена интервенција во јужноамериканската држава.

– Обвиненијата на претседателот на САД кој тврди дека Куба има приватна армија во Венецуела, се одвратни. Барам тој да даде докази. Нашата влада категорично ги отфрла тие клевети, изјави Родригез.

Тој додаде дека „Вашингтон продолжува да подготвува воени акции под изговор за хуманитарна помош“ за Венецуела.

Минатата недела хавана соопшти дека американски војници заминале во карипски држави за да подготват агресија врз венецуела „маскирана како хуманитѕарна интервенција“.