Дваесет илјади жени и девојчиња веројатно се жртви на шверцери со луѓе и се префрлени од Нигерија во Мали каде се притворени во затворени места пред да бидат принудени на проституција. Тоа го изјави шефот на нигериската Агенција за борба со шверц на луѓе.
Џули Оках-Донли изјави дека тоа е регистрирано за време на мисија во јужниот дел од Мали во минатиот месец. Го откриле заеднички тимови на Националната агенција за забрана на трговијата со луѓе и на Меѓународната организација за миграција.
Десетици жени и девојки биле вратени во изминатите месеци од реонот Кангаба во јужниот дел од Мали.
-Тимот што отишол таму за истрага открил уште стотици други, изјави Оках-Донли во телефонско интервју.
Во најнаселенета африканска држава речиси 70 отсто од 190 милиони население живеат со помалку од два долара на ден.