Јапонската полциија уапси двајца Израелци кои се осомничени за шверц на околу четири тони злато во Јапонија. Шверцуваната стока има вредност од околу 183 милиони долари, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј.

Израелските граѓани доставувале злато во Јапонија во сандаци со автоделови од Хонгконг преку токискиот меѓународен аеродром и се занимавале со тој вид шверц од 2017 година.

Во Јапонија внеле незаконски злато најмалку 50 пати. Официјално живееле во Токио каде имале мали приватни компании. Само во 2017 година во Јапонија беше запленето шверцувано злато од над 300 килограми.