Кина се определи за реформи и сака да соработува со сите страни за изградба на отворена светска економија, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.
Тој на состанокот со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш директно не ги спомна трговските тензии со САД, но предупреди на зајакнување на унилатерализмот и протекционизмот.
– Одлучноста на Кина да спроведе длабоки реформи нема да се промени, посочи Си.
Тој додаде дека Кина е подготвена да ги искористи сите практични чекори за да ги поттикне сите страни заеднички да ја почитуваат либерализацијата на трговијата и да градат отворена светска економија.