Украина побара од Турција да биде домаќин на средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин – изјави украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.
Украинскиот министер за надворешни работи изјави дека неговата земја е подготвена да разгледа кое било место, освен Белорусија или Русија, за средба со Путин за што Зеленски долго време се залагаше со цел да се забрза решавањето на повеќе од четиригодишната војна.
Во вчерашните коментари за новинарите, кои беа објавени денеска, Сибиха не кажал како одговорила Анкара на предлогот.




