Раководството на Македонскиот полициски синдикат (МПС) обезбеди и донира еден клима уред за полицијата во Јегуновце, со цел подобрување на работните услови, објави денеска МПС.
– На ден 26.08.2022 година делегација на МПС во состав: претседател на МПС д-р Марјан Кицев и генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски присуствуваа на работен состанок со членовите на МПС од Совет на МПС-Тетово (ПО Јегуновце) на кој е разговарано за секојдневното работење како и потребите за кои што МПС може да допринесе со цел да се подобрат условите за работа на ПО. Воедно од страна на раководството на МПС е обезбеден и дониран еден клима уред за потребите на членовите на МПС од ПО Јегуновце со цел подобрување на работните услови, објави МПС на својот официјален профил на Фејсбук.
Под објавата стои „со почит, претседател д-р Марјан Кицев.
Пред една година, донација добија и полицајците во Кавадарци, но тогаш беше фрижидер, кој свечено беше предаден и пуштен во употреба.