По две години со симболични прослави на доаѓањето на Новата година, заради ограничувањата воведени во Ковид пандемијата, светските метрополи 2023-тата година ќе ја пречекаат со голем ентузијам и надеж за голем профит од посетите на туристите.
Доколку судиме според тоа како Сиднеј ја пречека Новата година, ова ќе биде ден за паметење.
Повеќе од 100 000 пиротехнички средства беа лансирани над небото во Сиднеј од чамците, мостот во пристаништето во Сиднеј, операта во Сиднеј и покривите во градот.
Претходно, голем огномет се одржа и во градот Оукленд, на Нов Зеланд.
Островската држава Кирибати беше првата која го прослави пристигнувањето на 2023-тата година, додека последна ќе пристигне на малите ненаселени американски острови Бејкер и Хауленд, утре во 2 часот попладне.
Голема прослава ќе се одржи и во Лондон, крај брегот на Темза, додека по две години целосно исполнет со луѓе ќе биде и Тајмс Сквер, во Њујорк.
„Батка, толку сме возбудени. Добро е. Излеговме од Ковид, во Сиднеј сме, ова прекрасно пристаниште во Сиднеј. Каде би сакале да бидеме на друго место?“ – вели Мартин Скиберас, сопственик на камион за храна во Сиднеј.
„Бевме меѓу првите кои дојдоа тука и секако овде е најдобрата глетка. Се надеваме ќе влеземе. Тоа би било одлично“ – додава турист од Германија.