Временските зони делуваат збунувачки веројатно и за патниците на летот од аеродромот од Сеул во Јужна Кореја до Сан Франциско во САД на Нова година, што значи дека тие од 2023 година се враќаат во 2022 година и на нов дочек.

Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба да слета во 17 часот и 14 минути. Временската разлика помеѓу овие два града е дури 17 часа, а летот трае околу 9 часа.

Следбениците на Флајрадар 24 на Фејсбук раскажуваат во какви ситуации се нашле.

– Еднаш патував од Сиднеј до Хонолулу со лет од 10 часа. Авионот полета во 18 часот во сабота и пристигна во Хонолулу во 7 часот наутро, исто така во сабота! Уживав во две саботи, вели еден од тие што коментираат вакви ситуации и доживувања.