Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, вчера пред неформалниот состанок на европските министри за надворешни работи, рекол дека е „многу возбуден“ да чуе како тоа западните држави ја зголемиле својата трговска размена со Русија во време на санкции, преенсуваат хрвстаките медиуми повикувајќи се на ХИНА.
„ Многу сум возбуден околу расправата за соработката на ЕУ со Русија“, рекол Сијарто пред состанокот во дворецот Лужничи крај Запрешиќ во Хрватска.
„Да видиме што ќе кажат оние држави кои значајно ја зголемиле трговијата со Русија под режим на санкции“, рекол Сијарто искажувајќи надеж дека западите држави ќе откријат на која начин тоа им успева.
ЕУ во 2014 година почна да воведува санкции против Русија поради анексијата на Крим и поради настаните во Донбас.