Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската Унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство. Тој нагласи дека доколку се искрени во намерата дека сакаат да влеземе во Унијата, не би чекале 20 години на полноправно членство.

– Бугарија навистина отворено ги попречува вашите настојувања за интеграција, но вие не чекате заради тоа 20 години во редот, заради тоа што Бугарите се спротивставуваат. Не лутете се, но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е многу потешка. Во овој момент оние државите-членки во ЕУ коишто го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство, изјави Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.

Сијарто потенцира дека за време на унгарското претседавање со ЕУ вложиле силни напори да се забрза процесот на зачленување на Западен Балкан во ЕУ, но постојано налетувале на ѕидови и тоа, како што рече, „тие ѕидови се градени, вусшност, од оние држави кои отворено го поддржуваат целиот овој процес“.

– Ние искрено го поддржуваме Западен Балкан, и затоа сме во малцинство во ЕУ затоа што не треба да се залажуваме дека поголем дел од државите-членки кога доаѓаат кај вас, вака јавно Ви зборуваат со убави зборови колку многу го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Еврпската Унија. Но кога остануваме сами зад затворени врати, ние 27 земји-членки, тогаш мнозинството веднаш почнува да зборува за тоа зошто не би можела ЕУ да се проширува кон Западен Балкан. Но нормално и во иднина тоа ќе го демантираат и во иднина ќе зборуваат многу убаво, но доколку сериозно мислат, не мислите ли дека 20 години треба да се чека на зачленувањето?, истакна Сијарто.

Вели дека во моментот живееме во време на опасности, бидејќи во Европа или околу Европа се случуваат тешки вооружени конфликти и сите овие предизвици воедно ја зголемуваат потребата од проширување на ЕУ во правец на Западен Балчкан и Источна Европа.

– Сигурни сме во тоа дека проширувањето на ЕУ во насока на Западен Балкан на повеќе начини придонесува и за самата ЕУ, бидејќи и самата Унија ќе профитира многу и во однос на безбедноста и во однос на економијата. И затоа сме разочарани што Брисел и западноевропските држави постојано ни поставуваат пречки пред прифаќањето на Западен Балкан во ЕУ. Искрено можам да кажам дека западно-европските држави кога зборуваат за проширувањето ве мамат, бидејќи веќе некои од овие држави од регионот чекаат на прием повеќе од 15 години, кажа Сијарто.

Нагласи и дека Унгарија го смета неприфатливо тоа што додека Брисел сака Украина екстра брзо да ја прими во ЕУ, во исто време многу поразвиените и многу поподготвени држави кои се во подобра состојба од Западниот Балкан, нивното зачленување постојано се попречува и отежнува.

– Затоа Унгарија ја дава сета поддршка дражавите од Западен Балкан што побрзо да се зачленат во ЕУ. Македонија апсолутно ја поддржуваме во тоа и работиме на тоа содржинските преговори со Македонија што поскоро да започнат. Мислам дека нема човек со здрав разум на оваа земја кој би помислил дека Украина е во подбра општа состојба спрема која било држава од Западен Балкан, рече Сијарто.

Прашан дали Унгарија ќе поддржи отварање преговори со Украина, истакна дека зачленувањето на Украина во ЕУ може да предизвика серозни штети и потешкотии на ЕУ.

– Забрзаното вовлекување на Украина во ЕУ може да предизвика големи штети и големи потешкотии и за самата ЕУ. Ние не сакаме да увезуваме војна на тетитрорија на ЕУ. Не сакаме жито со лош квалитет од Украина да ја преплави ЕУ. Не сакаме Унгарија да биде шеталиште за украинската мафија, и не сакаме парите од унгарските граѓани да се праќаат во Украина, рече Сијарто.

Тој го спомена и проблемот со унгарското малцинство во Украина, и непочитувањето на европопските вредности.

– На терирорија на Укриана живее големо унгарско малцинство. Тоа е територија под Карпатите и Украинците во изминатите десет години правата на ова унгарско малцинство чекор по чекор брутално ги укинуваа. Унгарското малсинство постојано е под ограничивања во користењето на мајчиниот јазик, постојано се ограничуваат нивните права на полето на образованието, јавната управа, медиуми… И доколку зборуваме за европските вредности, тогаш заштитата на националните малцинства е еден многу важен аспект во ЕУ и јас не можам да замислам една држава членка на ЕУ која отворено ги крши сите овие важни европски вредности. Така што ние од наша страна велиме „да“ за зачленување во Западен Балкан, а „не“ за зачленување на Украина, нагласи Сијарто, кој е во работна посета во Скопје.