„Љубоморни сме на блиските односи кои западноевропските држави ги негуваат со Русија“, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во интервју за австриската агенција АПА.
Изјавата доаѓа како реакција на критиките на сметка на Будимпешта заради соработката со Москва и додал дека другите европски држави со Русија „под маса“ склучуваат огромни бизниси.
Тој додал дека на ова прашање се гледа со двоен аршин. Оценил дека токму Австрија има јасни и многу потесни економски контакти со Русија во споредба со Унгарија.
„Се разбира, тоа е прикриено. Повремено ќе кажат нешто критички, но под маса потпишуваат огромни зделки“, нагласил Сијарто.
„Отворањето кон исток е апсолутен успех“, констатирал Сијарто, наведувајќи дека минатата година, на пример, Јужна Кореја станала главен инвеститор во Унгарија и со тоа ја надминала Германија.
Тој го истакнал значењето на инвестиците од Азија за неговата држава.
„Ни беше битно „хај-тек“ фирми од исток барем да размислат да инвестираат во Унгарија“, истакнал тој.
Критиките на САД и Западна Европа заради економските контакти на Унгарија со Кина ги оценил како лицемерни.
Во Унгарија моментално постојат 16 значајни кинески инвестиции, а 12 од нив Кинезите ги купија од американски и западноевропси компании“, рекол Сијарто.
„Ако западноевропските држави и САД не сакаат Кина да биде економски предвоник, тогаш не би требало да ги продаваат своите компании на кинески“, порачал Сијарто.
Кога станува збор за политиката кон мигрантите, нагласил дека Будимпешта смета дека треба да се зачува европската христијанска култура и дека тоа мора да биде приоритет на Европа. Затоа е потребна физичка заштита. Обидите за воспоставување заедничка миграциона политика на Европа, според него пропаднале.