Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека се надева оти боречките мечеви „Борење за мир“, кои ќе се одржат денес во Будимпешта, ќе придонесат за олеснување на односите меѓу САД и Русија.
Тој го спореди тоа со американско-кинеската „пинг-понг“ дипломатија од 1970-тите години, која придонесе за подобрување на односите меѓу земјите, пренесе МТИ.
Мечевите во слободен стил, кои ќе ги организира Професионалната лига за борење (PWL), ќе се одржат во десет категории во Унгарската боречка академија „Козма Иштван“.
Сијарто исто така нагласи дека на настанот ќе присуствуваат претседателот на Руската федерација за борење, Михаил Мамијашвили, и извршниот директор на „USA Wrestling“, Рич Бендер.
Фото: PWL