Состанокот на унгарскиот и американскиот претседател, Виктор Орбан и Доналд Трамп, на 13 мај во Вашингтон, ќе биде можност да ги координираат своите антимигрантски ставови во глобалниот сојуз, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто.
Сијарто за унгарското државно радио рече дека се формира антимигрантски сојуз и укажа на тоа дека Унгарија и САД се меѓу неколкуте земји кои минатата година против пактот за миграција на Обединетите нации.
Сијарто рече дека двајцата лидери ќе разговараат и за билатералните прашања, вклучувајќи ја и воената соработка.
Унгарија планира да купи ракети од среден дострел од САД, а се очекуваат и други договори за оружје.
Во јули 2016 година, Орбан беше првиот шеф на влада во Европската унија кој го поддржа Трамп во неговата претседателска кампања во САД.