Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска отпатува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров и со заменик премиерот Александар Новак, објави унгарската новинска агенција МТИ.

Предвидено е Сијарто и Лавров во текот на денот да одржат заедничка прес-конференција.

Пристигнавме во Москва. Имаме две цели, да се осигураме дека ќе има доволно природен гас за унгарскиот народ и да нагласиме дека сакаме мир што е можно поскоро, објави Сијарто на Фејсбук.